Грануломатозна пневмонија приченета од габична – аспергилус инфенкција (Pneumonia granulomatosa gravis-aspergilosa) и ненавремено превенирање се причина за угинувањето на две единки од бебиња пингвини во мај и јули годинава, покажаа наодите по обдукцијата на Факултетот за ветеринарна медицина на барање на Зоолошката градина Скопје, дознава Телма. За актуелното раководство на Зоолошка Скопје до ова немало да дојде доколку грижата била на повисок степен.
“Заради ненавремено реагирање и несоодветен третман од страна на ветеринарка во ЗОО ветеринарката Весна Левајковиќ Трајков, вработена во ЗОО во време на раководство на ВМРО-ДПМНЕ за која и покрај тоа што во 2012 година е добиено решение за неуспешност во работењето, истата продолжува со несоодветно постапување и негрижа, за што е поднесена соодветна кривична пријава и врачено решение за отказ од установата, потврдено од страна на Управниот одбор на ЗОО Скопје“, соопштија од Зоолошка градина Скопје
За опозициската ВМРО ДПМНЕ пак последното случување со угинувањето на три коњи во скопската Зоолошка е алармантно.
„Ако на секои 3 месеци се распишува тендер за набавка на свежа храна во износ од 10-тици илјади евра, како истото е можно и зашто животните се хранат со донирана непроверена храна за која не постои технолог вработен во оваа установа за проценка на квалитетот на храната и дали треба да се хранат животните со истата, каде завршува храната која редовно се дистрибутира од постапките кои што се со завршен тендер и потпис“. Дали поморот на животни се должи од нездравата исхрана со која се прехрануваат животните? Дали паталошкиот наод од смртта на жирафата покажа бактерија салмонела која исто е создадена од неправилна расипана исхрана“, изјави Стефан Кирков, член на Градски Комитет на ВМРО-ДПМНЕ
Зоолошката градина во целост ги отфрли ваквите тврдења.
Во меѓувреме реагираше и Анима Мунди во врска со угинувањето на коњите , бараат итно вештачење на снимките од сите камери во Зоолошката градина , доколку изостанува видео надзор во институцијата, најстроги казни за раководството, дали и колку од ветеринарните лица во ЗОО Скопје се доктори специјалисти за лекување на диви животни, доколку такви воопшто има, стои во реакцијата на здружението за заштита на животните по угинувањето на три коња за 24 часа. Во Зоолошката градина работат двајца лиценцирани доктори по ветерина и дополнително се соработува со две ветеринарни болници со цел надминување на несериозниот однос за ветеринарната грижа во изминатата деценија, велат од надлежната институција.
Според Анима Мунди неприфатливо е ретки животни на раб на истребување, безумно да завршат во субстандардна зоолошка во Македонија – која патем го загуби и кандидатскиот статус за членка на Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми (ЕАЗА)
Во 2021 година скопската Зоолошка градина за првпат од своето основање доби пингвини. Девет јужноамерикански пингвини беа пуштени во своето надворешно живеалиште на радост на посетителите и зоо негувателите. По карантинскиот престој и адаптација тие запливаа во новиот Залив на пингвините разладувајќи се на високите скопски горештини.