Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска изјави дека никогаш немал толкава поддршка и дека новото обвинение, кое беше покренато против него, го разбуди светот кога станува збор за корупцијата во САД во претходните три години.

Loading… 

„Ви благодарам на сите! Никогаш порано не сум имал толкава поддршка за ништо. Ова обвинение за поранешен (многу успешен) претседател и водечки кандидат во Републиканската партија и општите избори во 2024 година го разбуди светот со корупција, скандал и неуспех што се случи во Соединетите Американски Држави во последните три години“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“.

Тој додаде дека Америка е нација во опаѓање, но дека повторно ќе ја направи голема, „поголема од кога било“.  (МИА)