Триесет и петгодишната Ешли Самерс од американската сојузна држава Индијана починала откако за само 20 минути испила околу два литра вода. Оваа мајка на две деца починала од труење со вода откако поминала релаксирачки ден на езерото Фримен како дел од повеќедневното семејно патување, пишува „Дејли мејл“.
Последниот ден од патувањето почувствувала вртоглавица и главоболка, што се симптоми на дехидрација, но никакво количество вода не можело да ја задоволи нејзината жед. Испила два литра вода речиси во една голтка.
Кога се вратила дома, паднала во својата гаража и никогаш не се освестила. Утврдено е дека има оток на мозокот. Ешли никогаш не се освестила и на крајот умрела.
Тоа беше голем шок за сите нас. Не можев да верувам дека може да се случи такво нешто. Се чувствуваше како да не може да се донапие доволно вода. Кога ја напуштија плажата на која беа, во тоа 20-минутно возење со брод, таа испила четири шишиња вода, открил Девон Милер, братот на Ешли.
Во болницата лекарите ѝ дијагностицирале труење со вода, наречено и хипонатремија, кое настанува поради премногу вода во телото и премалку натриум.
Интоксикација со вода или хипонатремија е состојба која се јавува кога некој пие прекумерно количество вода за краток временски период, каде што сложените органски системи на телото, првенствено бубрезите, не се во состојба да го регулираат балансот на вода и електролити како натриум, калиум и хлорид, кои обезбедуваат правилно функционирање на клетките.
Натриумот е особено клучен за одржување на комуникацијата помеѓу клетките преку електрични импулси.
Натриумот, исто така, помага во апсорпцијата на хранливите материи во дигестивниот систем и бубрезите, со што се прилагодува количината на вода и електролити кои се реапсорбираат во крвотокот или се излачуваат во урината.