Хрватскиот фудбалер Јошко Гвардиол е новото засилување на Манчестер Сити, објави англискиот и европски шампион.
Хрватот потпиша договор на пет години, а неговиот клуб Лајпциг ќе добие 77 милиони фунти како обештетување.
Тој е вториот најскап дефанзивец на сите времиња по Хари Мегваер, кој се пресели во Манчестер Јунајтед од Лестер во летото 2019 година за 80 милиони фунти.
Гвардиол кариерата ја започна во Динамо Загреб, а за хрватската репрезентација одигра 21 натпревар и постигна два гола.
Младиот стопер го освои третото место со репрезентацијата на Светското првенство во Катар 2022 година.