В.А. (43) од Битола вчера беше приведен, а во полициската станица на службен разговор бил повикан и неговиот малолетен син. Утрото на 5 август на улицата „Мирка Гинова” во Битола малолетникот со употреба на сила одзел паричник од А.И. (70) од Битола. Таткото на малолетникот е осомничен дека го поттикнал синот да го изврши делото.
Службениот разговор во полициската станица бил извршен во присуство на претставници од Центарот за социјални работи Битола. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственичката. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.