Полицијата во Љубљана добила дојава дека во месноста Мост општина Коменда во септичка јама е пронајдено мртво лице.

Телото било пронајдено во неделата, нешто по 11 часот.

Според локалните портали, станува збор за маж кој наводно загинал додека ги отстранувал последиците од силните поплави.

Според досега собраните информации, мажот починал кога при изведување на работите паднал во јама со отворена шахта, а смртта не е последица на кривично дело, пишува 24ур.

Полицијата извршила увид.