Времето денеска во утринските часови ќе биде посвежо, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 17, а максималната ќе достигне од 25 до 31 степен. УВ индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје наутро ќе биде посвежо, преку денот сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 29 степени.