Ковачевски не може да обезбеди едно село како Слупчане да плаќа струја и да се постават струјомери на сите куќи, а не пак да обезбеди европска иднина, одговори портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски запрашан дали премиерот Димитар Ковачевски може да обезбеди европска иднина, пренесува порталот Тера.
Стоилковски побара Ковачевски да обезбеди консензус за плаќање на струја, да се постават современи струјомери, пред да зборува за национален консензус.
-Епска драма приреди во Слупчане. Нека обезбеди консензус за плаќање на струја, само во едно село, да не се краде струја, да се постават современи струјомери, пред да зборува за национален консензус!Човекот купува време за да се докраде се што може како власт.Единствено за што е возможен консензус е консензус за предвремени избори“ рече Стоилковски.