Во јуни годинава земјава ја посетиле вкупно 110.319 туристи, од кои 23,5 отсто биле домашни, а 76,5 отсто странски туристи. Тие оствариле вкупно 225.092 ноќевањата при што 30,6 отсто од ноќевањата ги направиле домашните, а 69,4 отсто странските туристи.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари – јуни 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 30,1 отсто при што кај домашните туристи има зголемување за 2,8, а кај странските за 46,8 отсто. Бројот на ноќевањата, пак, е зголемен за 18,8 отсто, кај домашните туристи има намалување за 1,2 отсто, а кај странските има зголемување за 32,9 отсто.