На булеварот „Гевгелија“, на излезот од Гевгелија, утрово во 07.40 часот, полициски службеници од Полициска станица за граничен премин и граничен надзор „Богородица“ го лишиле од слобода К.В. (22) од Лесковац, Србија, поради сомнение дека сторил кривично дело „криумчарење мигранти“.

Според МВР, К.В. управувал патничко возило „опел сигнум“, со српска национална ознака, кое учествувало во сообраќајна незгода, а во него биле затекнати осум лица илегални мигранти од Сирија.

К.В. е приведен во полициска станица и во координација со јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава, а мигрантите ќе бидат пренесени во прифатно-транзитен центар во Гевгелија.