Пензионер од Неготино загина во сообраќајна несреќа додека патувал за протестот во Скопје, информираа претставниците од Неготино.
На протестот на пензионерите за повисоки пензии му беше оддадена почит со едноминутно молчење.
– Министерке дали сакате секој ден да имате мртви пензионери – рече меѓу другото пензионерка од Неготино.