Вработените во Јавното сообраќајно претпријатие денеска ги добија платите на своите сметки, утре нема да има протести, како што претходно најавија.
Тие денеска пред влезот на просториите на Град Скопје бараа прием од градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, за решавање проблемот со задоцнетата плата, но и покрај тоа што не успеале да остварат средба со неа, платите денеска биле пуштени на сметките на вработените.