Како што објасни премиерот Димитар Ковачевски доколку има линеарно покачување, како што бараат пензионерите на секој по 3.500 денари, тоа ќе значи дополнителен трошок од 220 милиони евра, кој Фондот не може да го издржи. Премиерот смета дека се работи на методологија за закон за минимална пензија. Што се однесува за платите и реакциите на синдикатите, Ковачевски вели дека веќе во изработка е закон за плати со кој ќе се регулираат и платите на избраните лица.

Пензионерите веќе неколку пати добиле зголемување на пензиите, откога е премиер Димитар Ковачевски. Како што појаснува премиерот, зголемувањето е направено откога се направило системско решение врз основа на швајцарски модел.

-За пензиите, ако има линеарно покачување, тоа зголемување ќе се одрази врз буџетот на Фондот и ќе не може да се исплати ниедна пензија. За една и пол година имаме 26% зголемување на пензиите. Ако минималната пензија била 9.000 денари, сега е 12.500 денари. Во септември ќе стане 13.000 денари. Ако просечната пензија беше 13.000 денари сега е 19.000 денари и ќе порасне. Се направи системско решение кое е врз основа на швајцарски модел кое овозможува двапати годишно зголемување на пензиите согласно растот на просечната плата и трошоците на живот – вели Ковачевски.

Според него, пензијата е право што се остварува исклучиво од работен однос.

-Не можете да израмните некој што плаќал 15 години стаж на минимална плата и некој што плаќал 30 години стаж на многу поголем износ и да кажете тоа е исто. Пензијата е резултат на годините стаж на секој поединец и упатите. Фондот за пензиско е фонд на осигурениците. Ако има линеарно покачување, тоа ќе значи дополнителен трошок од 220 милиони евра, кој Фондот нема да може да издржат. Тоа ќе значи дека и тие што 30 години уплаќале стаж, нема да можат да земат пензија“, додаде Ковачевски.

Премиерот кажа дека се работи на методологија за закон за минимална пензија.

Пензионерите бараат линеарно зголемување на платите за 3.500 денари и дополнително да се утврди минимална пензија од 18.000 денари. Во текот на вчерашниот ден во неколку градови на земјава, како и во Свети Николе пензионерите повторно протестираа и бараа достоинствен живот.