Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје, Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје и Одделението за криминалистички работи при ЕВР Ѓорче Петров, денеска на улица „Ѓорче Петров“ во Скопје го лишиле од слобода лицето О.Е.(26) од село Крушопек, скопско, врз кое имале потерница за извршување на затворска казна.

Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека лицето било барано по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од шест години за сторено кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори по член 215 од Кривичниот законик.

Како што нагласија, осомничениот ќе биде спроведен во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната