Професорката Гордана Сиљановска Давкова во името на опозициската коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ, обраќањето на собраниската седница за уставните измени го започна со критика до претседателот на Собранието Талат Џафери за кого кажа дека нема никаков смисол и разбирање за устав и патриотизам.
– Се однесувавте како Гари Купер, па дојдовте точно на пладне, иако требаше да почнеме во 11 часот – рече Сиљановска-Давкова.