Српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ се јави со реакција по изјавата на министерот за надворешни работи Бујар Османи, пренесува TV21.mk.
Српскиот министер Вучевиќ кон Македонија и Црна Гора: Со признавањето на Косово ја навредивте Србија, ќе ви се удри од глава како на Украина!
Тој вели дека нивната поддршка за територијалниот интегритет на земјите-членки на ОН е безусловна, но не можат да пофалат нечие непочитување!
Османи по изјавата на Вучевиќ: Македонија го отфрла мешањето и несоодветните забелешки, се залагаме за регионална стабилност
„И покрај сите злонамерни и неосновани медиумски известувања, Србија делува како одговорен, доверлив и предвидлив партнер на сите наши соседи. Нашата поддршка за територијалниот интегритет на сите земји-членки на ОН е безусловна. Сепак, не можеме да пофалиме ничие непочитување на нашиот сопствен територијален интегритет. Неодамнешните настани ги докажаа нашите предупредувања дека Косово не е случај од суи генерис и дека ќе се врати порано или подоцна. Никој во Србија не се фали за тоа, само ги кажува фактите“, напишта тој.