Претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен се надева дека уставните амандмани во Собранието на Македонија ќе бидат поддржани од сите страни со цел придвижување на државава на европскиот пат.
Го поздравив поднесувањето на уставните амандмани од неговата Влада (Ковачевски) во Парламентот. Се надевам дека сите страни ќе ги поддржат, Македонија да се придвижи напред на европскиот пат. Македонија припаѓа во ЕУ, напиша на социјалната мрежа X (Твитер) Фон дер Лајен по неформалниот состанок на лидерите од Западен Балкан и ЕУ во Атина по повод 20-годишнината од Солунската агенда за ЕУ перспективата на Западен Балкан.
Фон дер Лајен во Атина се сретна со премиерот Димитар Ковачевски, кој во изјава за МИА рече дека разговарале за европската перспектива на Северна Македонија и изразиле задоволство што е започнат процесот за уставните измени.
-Процесот започна успешно и се надевам, исто како што и ЕУ се надева, дека во нашето Собрание ќе има визија и ќе има храброст пратениците да донесат една важна одлука која што се однесува на продолжување на европската интеграција на Македонија во Европската Унија, објасни Ковачевски.