Важно е секој кој доаѓа во нашата држава, без разлика од каде доаѓа, да има добра намера. Секоја добра намера за нас е добредојдена, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во врска со посетата на американскиот заменик-помошник државен секретар Габриел Ескобар.

„Важно е секој кој доаѓа во нашата држава, без разлика од каде доаѓа, да има добра намера. Кога зборувам за добрата намера, зборувам за аргументите кои што очекуваме да ги слушнеме, а очекуваме другата страна да ги слушне и нашите аргументи. Она што е важно и што треба секој да го знае е дека Владата на ДУИ и СДСМ го изгуби кредибилитетот и таа е единствената пречка за интеграција на Македонија во ЕУ. Колку побргу ова го сфатат, толку побргу ќе се придвижат работите напред. Брзи парламентарни избори се единственото решение ако сакаме да се движиме напред. Се останато е дополнително тапкање во место“, рече Мицкоски по денешниот увид на градежните работи за изградба на спортски терени во скопската на селба Ченто.