Албанската пејачка со потекло од Косово, Рита Ора за време на својот настап во унгарскиот град Сегед го носеше српското знаме во раце и во еден момент се обви со него, што предизвика низа негативни коментари кај Албанците на социјалните мрежи.
Ора објасни дека на синоќешниот настап знамето и било фрлено од публиката и дека поради рефлекторите не можела да види од која земја е. Додека настапував на фестивалот SZIN во Унгарија, добив знаме од млад фан.
Од осветлувањето што беше директно во моите очи, не можев јасно да видам која земја претставува знамето. Дури кога се симнав од сцената сфатив дека тоа е српското, а не унгарското знаме“, се вели во изјавата на пејачката, пренесува „Клан Косова“.