Во текот на вчерашниот и денешниот ден (26 и 27.08) Одделот за воздухопловни единици на МВР по добиено барање од ЦУК за гасење на пожар кај селата Бучинци и Ајватовци, на територија на општина Илинден , упати два хеликоптери (Ми-171 и Бел-212).

Тие врз пожарот исфрлија околу 200 тони вода.

Пожарот е локализиран.