Новиот лидер на Словенците Лука Дончиќ сериозно си ја сфати оваа задача и одигра два брилијантни меча на Мундобаскетот, па така Словенија и денеска стигна до лесна победа над Грузија.
По извонредната премиера против Венецуела, Лука денеска беше уште подобар и запиша дабл-дабл учинок, кој беше повеќе од доволен за сигурен триумф од 88:67 над Грузија.
Дончиќ забележа 34 поени и придодаде со 10 скокови и 6 асистенции, а двоцифрени во Словенија беа уште Препелиќ и Драгиќ со 15 и 12 поени.
Втора победа на турнирот оставри и селекцијата на Србија и стигна на чекор од следната фаза, откако без преголеми проблеми го совлада Порторико со 94:77.