Црногорскиот премиер во технички мандат, Дритан Абазовиќ, ја информирал директорката на Агенцијата за спречување на корупцијата (АСК), Јелена Перовиќ, дека нема да поднесе оставка од пратеничката функција до изборот на новата влада и дека нема да добива пратеничката плата до изборот на нова влада.
Абазовиќ е избран за пратеник од листата „Храбро се броји“, а пратениците кои се на други јавни функции до синоќа требаше да поднесат оставки и да одлучат која функција ќе ја задржат, пренесува РТЦГ.
Во писмото до Перовиќ, Абазовиќ напишал дека „по сила на Уставот“ ја извршува функцијата премиер на Црна Гора и координатор на Министерството за надворешни работи, бидејќи мандатот како премиер му завршил на 19 август 2022 година.
– Должен сум да ги извршувам горенаведените функции до формирањето на новата Влада согласно Уставот и законот. Исто така, ве известувам дека до формирањето на Владата на новото свикување целосно ќе се воздржам од вршење на пратеничката функција, а нема да ја земам пратеничката плата, особено поради фактот што Владата на која и заврши мандатот, која е случајот со Владата што јас ја предводам, по сила на Уставот продолжува со работа до формирање на новата влада – рече Абазовиќ.
Тој додаде дека во конкретниот случај не се работи за прифаќање вршење на друга функција во смисла на Законот за спречување на корупцијата, туку, како што рече, за обврзување со Уставот да ја врши функцијата до изборот на новата Влада.
– Во спротивно, откажувањето на премиерската функција сериозно ќе го наруши уставниот принцип за поделба на власта од член 11 од Уставот, ќе го оневозможи балансирањето и контролата на гранките на власта и ќе ја лиши државата од целата извршна власт. . Затоа, согласно одредбата од член 111 од Уставот на Црна Гора, ќе продолжам да ги извршувам горенаведените функции, до формирањето на Владата во нов состав, што е уставна обврска, за да после тоа би можел непречено ја извршувам пратеничката функција на која сум избран согласно законот – изјави Абазовиќ.