Пожарот во околината на Александрополис и областа Еврос во Грција зафатил површина од 808 квадратни километри, покажуваат податоците на системот за вонредни состојби на ЕУ „Коперник“. Областа зафатена од пожарот веќе ја надмина големината на Њујорк. Во пожарот животот го загубија најмалку 20 луѓе.
Пожарот што гори веќе 11 дена на североистокот на Грција уништил површина поголема од површината на Њујорк, покажуваат податоците на системот за вонредни состојби на ЕУ „Коперник“.
Подгреан од бурните ветрови и топлината, пожарот што избувна во близина на градот Александрополис брзо се прошири низ областа Еврос, при што загинаа најмалку 20 луѓе.
Агенцијата Коперник на Твитер објави дека пожарот уништил најмалку 808,7 квадратни километри, додека, за споредба, Њујорк зафаќа 778,2 квадратни километри.
Our #RapidMappingTeam delivered its 6⃣th Monitoring Product for the historic #wildfire that continues to ravage the areas north of #Alexandroupolis
🔥A total burnt area of 8⃣0⃣8⃣,7⃣ km2 has been detected, an area larger than #NewYorkCity🇺🇸 pic.twitter.com/Sy8U8skyfJ
— Copernicus EMS (@CopernicusEMS) August 29, 2023