Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, информираше за голем пожар на границата со Грција, помеѓу Богданци и Дојран. Ангелов информира дека пожарот е на линија на фронтот од Првата светска војна, и поради тоа експлодирале најмалку 4 гранати кои датираат од тогаш.
Ангелов веќе се упати кон местото на пожарот, и најави повеќе детали за текот на денот.
Инаку пожарот е навлезен и на грчка територија, и веќе се информирани и грчките власти за ситуацијата, рече Ангелов.