Кошаркарската репрезентација на Канада уште еднаш потврди зошто се вбројува меѓу најдобрите екипи на Мундобаскетот затоа што го совлада светскиот шампион Шпанија (86-88) и така светот ќе добие нов кошаркарски владетел.
„Фуријата“ имаше 12 поени предност пред влезот во последната четвртина, беше 73-61 за европската селекција. А, потоа, Канада во живот ја вратија Шеј Гилџус-Александер и Дилон Брукс, кои со своето НБА-искуство блескаа на теренот.
Двајцата заедно постигнаа 52 поени во кошот на Шпанците, кои беа доста кофнузни во нападот во клучните моменти, а последната четвртина ја завршија со само 12 уфрлени поени. Шпанците ја предадоа круната, а Канада ќе игра со Словенија на Лука Дончиќ.
Гилџус-Александер мечот го заврши со 30 поени, пред Брукс со 22 поени, додека Ер-Џеј Берет финишира со 16 поени. Кај Шпанците, не помогнаа 25-те поени на Хернангомез, Алдама постигна 20 поени, а Абринес реализира 11 поени.