Земјотрес со јачина од 2,4 степени според Рихтеровата скала синоќа околу половина час по полноќ го погоди Крагуевац во Србија.
„На 04.09.2023 година во 00:34 часот по локално време е регистриран земјотрес со јачина од 2,4 степени според Рихтеровата скала во регионот на Крагуевац“, се наведува на веб-страницата на Сеизмолошкиот завод на Србија.
Како што се додава, земјотресите со ваков интензитет не можат да предизвикаат оштетувања на објектите во епицентралното подрачје.