Променливо облачно со повремен локален дожд, наместа краткотрајно пороен, проследен со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. UV=5

Утринските температури ќе се движат од 11 до 19 степени, а дневните ќе бидат во интервал од 20 до 31 степен.

Во Скопје променливо облачно со слаби врнежи од дожд и со слаб до умерен ветер од променлив правец.

Променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во јужните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. UV=6

Од утре следува период на стабилно и потопло време со слаб до умерен североисточен ветер.