Окружниот суд во Салцбург го прогласи 16-годишниот тинејџер за виновен за кршење на законот со кој се забранува ширење на нацистичката идеологија.
Судот во Австрија осуди тинејџер на шест месеци затвор поради објавување расистичка и нацистичка пропаганда на социјалните мрежи.
Тинејџерот одбил каква било поврзаност со нацистичката идеологија.
Тој изјави дека објавувал антисемитски и расистички содржини на социјалните мрежи кога страдал од психолошки проблеми поради траума од детството.
Судот наложи и сторителот да биде упатен во Центарот за психотерапија