Од македонското Министерството за надворешни работи инфомиаа дека преку Амбасадата во Атина и Генералниот конзул во Солун се во постојана комуникација со нашите државјани кои се најдоа затекнати во погодените места од невремето во Грција, односно во регионот Агиос Иоанис, на источната страна на Пелион во Магнезија, југоисточна Тесалија.
-Се работи за 15 наши државјани, сите на безбедно и во добра состојба. Нашите дипломати се во контакт и со претставниците на локалната самоуправа каде се информираат за локациите каде се наоѓаат нашите државјани – се наведува во соопштението од МНР.
Во Грција институциите информираат дека интензивно се работи на расчистување на патиштата, надлежните ги преземаат сите мерки за снабдување на регионите со храна и вода, а веќе е саниран и проблемот со снабдување со електрична енергија.