Цените на производите во маркетите секој месец растат, а месечните примања на граѓаните не се поместуваат и не се доволни за да се истурка месецот, пренесува 24.mk.

Дел од анкетираните граѓани велат дека се бесни и револтирани затоа што примањата не им стигнуваат за основните потреби, а заборавиле како е да се двојат средства за облека и социјален живот. Потенцираат дека веќе немаат доверба во никој и државата нема слух за своите граѓани.

Синдикалната минимална кошница за август 49.345 денари. Од ССМ со став дека најголемо зголемување има кај исхраната и пијалаците за 1,9 отсто.

 

Исхрана и пијалоци 20384 ден. 44,99%

Домување 13713 ден. 30,27%

Хигиена 3273 ден. 7,22%

Превоз 3720 ден. 8,21%

Облека и обувки 2320 ден. 5,12%

Култура 1067 ден. 2,36%

Одржување на здравје 828 ден. 1,83%

Вкупно 45 308 ден. 100,0%

Трошоци на живот (Инфлација) 4036 ден. 8,3%

Вкупно 49 345 ден. 108,3%

 

Извор: Сојуз на синдикати на Македонија

 

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во август 2023 година, во споредба со претходниот месец, изнесува 101.2, а индексот на цените на мало изнесува 101.3. Пораст на индексите на трошоците на животот во август 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај

 

Индекс на трошоци на живот за

август 2023

 

свежото и разладеното овошје зеленчук 7.8 %

сирењето и урдата 3.2 %

млекото 2.6 %

лебот и житата 1.6 %

месото 0.9 %

 

Извор: Државен завод за статистика

 

Намалување на индексите на трошоците на животот во август 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај рибата и морските плодови за 0.7%, маслото и маснотиите за 0.5%, јајцата и виното за 0.4%.

Индексот на трошоците на животот во август 2023 година, во однос на август 2022 година, бележи зголемување од 8.3%, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 5.6%.