СВР Охрид поднесе кривична пријава против 42-годишниот М. С. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела телесна повреда и неизвршување судска одлука, извести СВР Охрид.
„Тој, на 30.8.2023, околу 18.30 часот, во семејната куќа физички ја нападнал сопругата, со што постапил спротивно на решението од Основниот суд во Охрид за изречени привремени мерки на заштита од семејно насилство“, додаваат од СВР Охрид.