Вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ, повеќепати повтори дека власта ќе се сретна со секој еден пратнеик од Собранието да го убедува да гласа за уставни измени со цел внесување на Бугарите. Ова значи дека тој треба да се сретне и со пратеници од ВМРО-ДПМНЕ. Досега, никогаш не кажа со кого има договорено состаноци, но и дали разговарал. Секогаш изјавите биле за во идно време.

Затоа, ексминистерот за финансии и политички аналитичар, Џевдет Хајредини побара снимка за средба со пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, за да не излезе дека Маричиќ всушност лаже.

„Може Маричиќ да објави барем една снимка од средба со некој пратеник на ВМРО, само за никој да не го обвини оти лаже кога тврди дека во четири очи ги убедува да гласаат за измена на Уставот“, напиша Хајредини.

Уставните измени се закочени на делот за гласање. Власта нема мнозинство. Рокот е до крајот на ноември, оти потоа, ќе е доцна.