Украинската влада го одобри предлог-буџетот за 2024 година, со кој се предвидува дефицит од 41,92 милијарди долари и зголемување на средствата за одбрана на 21 отсто од БДП.
Премиерот Денис Шмихал рече дека зголемувањето на воениот буџет е неопходно за финансирање на воените активности по руската инвазија во февруари 2022 година. Тој најави набавка на ново оружје и опрема.
„Овој износ е за 113 милијарди гривни повеќе од оваа година. Ќе има уште повеќе оружје и опрема. Повеќе дронови, муниција, проектили“, напиша тој на Телеграм.