Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го покани извршниот директор на Тесла, Илон Маск, да изгради фабрика за електрични автомобили во Турција, јави Анадолија.
Ердоган му го дал предлогот на Маск за време на состанокот во Турската куќа, облакодер во близина на Обединетите нации во Њујорк, објави турската државна новинска агенција во неделата навечер.
Маск денеска во Калифорнија треба да се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Маск објави на платформата X дека нивните разговори ќе се фокусираат на технологијата за вештачка интелигенција.
Ердоган е во САД за да присуствува на 78-та сесија на Генералното собрание на Обединетите нации.
Во август, Тесла изрази интерес за изградба на фабрика во Индија за производство на евтини електрични возила.
Тесла има шест фабрики и ја гради седмата во Мексико, во северната држава Нуево Леон, како дел од напорите на производителот на електрични автомобили да го прошири своето глобално присуство.
Маск во мај изјави дека производителот на автомобили најверојатно ќе избере локација за новата фабрика до крајот на оваа година.
Покрај управувањето со Tesla, Маск ја купи и платформата X, порано позната како Twitter, за 44 милијарди долари во 2022 година.