Митева дополни дека централниот комитет ги поддржи и своите 44 пратеници кои што остануваат на ставот дека бугарски промени односно промени на уставот под бугарски диктат нема да се случат.

-Дополнително морам да потенцирам дека централниот комитет даде максимална поддршка на сите 44 пратеници од пратеничката групата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата кои што остануваат на ставот дека бугарски промени односно промени на уставот под бугарски диктат нема да се случат, вели Митева.

Во текот на своето гостување Митева порача дека значајно е тоа што паднаа тезите на СДС дека со ВМРО-ДПМНЕ раководи некој друг кои доста долго време го пишуваа во своите соопштенија, прес конференции и слично.

-Она кое е значајно е дека паднаа тезите на СДС кои континуирано ги пласираа во јавноста дека практично со ВМРО-ДПМНЕ раководи некој друг и тоа ако направите една анализа во нивните соопштенија ќе видите дека можеби во 80% беше една теза која што континуирано ја пласираа, заклучи таа.

Митева на крај порача:

-Така што денеска можеме да ги видиме различностите за тоа како и во која насока раководството на ВМРО-ДПМНЕ планира да раководи и со партијата, но и со Македонија во иднина. Доста им е на Македонија од порази, доста им е од правење на порази кои што одат на штета на македонскиот народ и од прифаќање на услови кои што не се добри за македонските национални интереси.