По актуелните преписки меѓу актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и поранешниот претседател, Никола Груевски со коментар се јави и првиот човек на партијата кој беше претходник на Груевски, Љубчо Георгиевски.
Георгиевски, жестоко и без влакна на јазикот го искритикува Никола Груевски велејќи дека Груевски го следи „карма“. Се што ми напрви мене сега ти го прават тебе.По учебникот кој им го остави.Само очигледно тие што ми беа лојални беа далеку помногубројни.
Целосниот негов Фб статус го пренесуваме во продолжение:
Порака до Груевски: Се што ми напрви мене сега ти го прават тебе. По учебникот кој им го остави.Само очигледно тие што ми беа лојални беа далеку помногубројни. Порака до ВМРО-Шумадија: Многу мал чекор треба да направите за да му помогнете на вашиот довчерашен лидер,што единаесет години ви даваше власт. Да им помогнете на уште петнаесетина ваши сопартици кои лежат по затворите вклучувајки ги и од 27. Да и помогнете на Македонија на патот до Европа., пишува Георгиевски на Фејсбук.