МНР информира дека седум државјани на Македонија, од кои едното од нив дете, се сместени во хотел, во непосредна близина на манастирот каде е извршен вооружен напад врз косовските полициски сили.
Од МНР велат дека во раните утрински часови, преку дежурниот телефон на министерството, добиена е информација за седум државјани на Македонија, од кои едното од нив дете, се сместени во хотел, во непосредна близина на манастирот каде е извршен вооружен напад врз косовските полициски сили.
Амбасадата на Македонија во Приштина е во комуникација со преставници на МВР на Косово како и во директна комуникација со нашите граѓани.
Во текот на денот, во неколку наврати министерот Бујар Османи оствари директна комуникација со косовската министерка Гервала, и во моментов косовските полициски го обезбедуваат хотелот каде се сместени нашите државјани, од каде се очекува после оствареното интервју тие да бидат испратени дома.
Претставниците на Амбасадата остануваат во постојана и директна комуникација со нашите државјани, сѐ до целосно завршување на нивниот трансфер, соопшти МНР.
Извор: Netpress.com.mk.