Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска и утре предводи делегација од МВР во работна посета на Љубљана, Република Словенија, на покана од словенечкиот министер за внатрешни работи Боштјан Поклукар.
Спасовски ќе присуствува на Церемонијата по повод 50-годишнината од систематското регрутирање на полицајци, некогаш наречени милиции. Притоа, двајцата министри ќе остварат тет-а-тет средба, по што следи билатерална средба помеѓу македонската и словенечката делегација.
Во оваа прилика, двајцата министри ќе потпишат Меморандум за обезбедување развојна помош помеѓу МВР на Република Северна Македонија и МВР на Словенија за Одделот за воздухопловни единици. Притоа, министрите ќе дадат изјава на прес-конференција за словенечките медиуми.
Истиот ден, министерот Спасовски ќе го посети конзуларното одделение во амбасадата на Република Северна Македонија во Љубљана, со цел увид во процесот на сликање и издавање на патните исправи, како и делење на пасоши на иселениците.
Во текот на вечерта, министерот Спасовски ќе присуствува на настан под покровителство на амбасадата на РСМ, а по повод одбележување 30. години отворена прва амбасада во светот по независноста и осамостојувањето на нашата држава.
Во текот на следниот ден, министерот Спасовски ќе ја посети словенечката Единица за воздухоловна полиција.