Матео Месина Денаро , водачот на сицилијанската мафија кој беше познат како последниот шеф  на Коза Ностра, почина синоќа во затворското одделение на болницата „Сан Салваторе“ во Аквила. Неговата смрт предизвика реакции низ Италија.

„Кориере дела сера“ наведува дека мафијашкиот бос починал како последица на тумор на дебелото црево кој бил во четврта фаза и потсетува дека Дијаболик бил уапсен во јануари годинава, по три децении криење.

Анса претходно напиша дека Месина Денаро е осудена за учество во десетици убиства, вклучувајќи ги и бомбашките напади во 1992 година во кои загинаа познатите италијански судии Џовани Фалконе и Паоло Борселино, кои беа симболи на борбата против мафијата.

Освен за атентатот на Борселино и Фалконе, Диаболик е осуден и за убиството на 12-годишното момче Џузепе ди Матео.

Во 1993 година, Месина Денаро помогна да се организира киднапирањето на момчето, со цел да го принуди неговиот татко, покајнички мафијаш  да се откаже од сведочењето против Коза Ностра.

Тој го држел момчето во заробеништво повеќе од две години (800 дена), потоа малото момче било задавено и неговото тело растворено во киселина.

Месина Денаро беше осуден и за нападите во Милано, Рим и Фиренца во 1993 година, во кои беа убиени десет лица, а 40 беа ранети.

Тој е познат и по уште едно сурово злосторство, убиството на 23-годишната бремена Антонела Бономо, која беше убиена во 1992 година бидејќи го носеше детето на ривалскиот мафијаш Винченцо Милац.