-Суштината на се ова што ние сега го правиме е да оваа приказна се изнесе во јавност, да се каже вистината, да ја знае јавноста вистината и да ги носиме соодветните одлуки затоа што Македонија не може да оди напред ако оваа или слична политичка структура остане на власт. Ако Али Ахмети и Артан Груби останат на власт ние сме завршиле како држава со било кој тип на реформи во дел на правосудство затоа што гледаме дека не се случуваат, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во своето гостување во емисијата 360 Степени.
Николоски во текот на своето гостување посочи дека со измените на кривичниот законик не само што нема реформи туку се оди во сосема спротивна насока.
-Со измените на кривичниот законик не само што нема реформи туку се оди комплетно во друга насока и да е најинтересно истите кои што ги содаваат проблемите сега треба да ги решваат, затоа што да не заборавиме дека ВМРО-ДПМНЕ има 3.000 луѓе под прогон, најчесто политички прогон, рече тој.
Николоски додаде дека поранешните структурина ВМРО-ДПМНЕ кои комуницираат со ДУИ и СДСМ треба да размислат кој нив ги стави во ова ситуација.
-Треба да размислат поранешните структури на ВМРО-ДПМНЕ кои сега комуницаарт со ДУИ и со СДСМ, за СДСМ имам повеќе разбирање ни се реални политички противници, кои нив ги стави во ова ситуација. Дали тоа не е случајно ДУИ и Али Ахмети, да потсетам дел од нив и јас сум бил на тој состанок кога на Али Ахмети му се кажа ти не фрлаш во кафез со ѕверови. Значи тој кој што ги фрли во кафез со ѕверови сега е најдобар соработник нивни, а партијата во која биле членови е условно кажано нивни противник, извините ама тоа не е природна состојба и таа состојба на ниеден начин не е предизвикана од ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ, порача тој.