„Груевски тоа што сам го сруши сега плаче да му се донесе – Членот 353!“, вели Георгиевски вечерва на ТВ гостување на емисијата „Трилинг“.
Откако пред неколку денови Љубчо Георгиевски беше гостин на Радио Лидер, вечерва на ТВ емисија гостува поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ кој зборува за Никола Груевски и неговиот став во однос на измените за КЗ додека бил на чело на.
Членот 353 е член со најголема историја во македонскиот правосуден систем. Кога почна транзицијата раните 90-ти последната комунистичка власт членот 353 го тргнаа и го избришаа. Првите 10 години од македонската транзиција кога беа најголемите приватизации членот 353 не постоеше. Овој член го врати нашата влада кога беше министер Камбовски за да ги уплашиме тие на политичката сцена да бидат повнимателни. Овој член е напишан и изгласан од мојата влада.
Тој вели дека отпосле Црвенковски апсел по овој член. Затоа биле приморани законот да се конкретизира, а тоа не поминало кај Груевски.
Законот помина во првото читање, но го сруши Никола Груевски. Од чисто популистички причини, како сега Мицкоски што крева галама, тогаш направи Груевски.
Георгиевски вели дека сега истиот тој Груевски кој го сруши Законот за амнестија и овој член сега се залага за членот 353.
Груевски тоа што сам го сруши сега плаче да му се донесе – Членот 353!, заклучува Георгиевски.