Oпштина Тетово на официјалната страна објави дека ќе организира бина за следење на натпреварот на Албанија од квалификациите за Европското првенство 2024 година.
Аллбанија ќе ја пречека Чешка во четврток од 20:45 часот, а од Општина Тетово повикаа на заедничко следење на натпреварот на плоштадот „Илирија“.
– Нема ништо поубаво од споделување на емоции со националната гордост. Во четврток со почеток од 20:45 часот заедно на плоштадот да ја бодриме репрезентацијата, стои во објавата на социјалните мрежи.