Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска објавија дека извршуваат широки воздушни напади врз многу локации на Хамас низ Појасот Газа.
Додека израелските воздушни напади врз Газа продолжуваат, портпаролот на израелската војска Џонатан Конкрикус вели дека нивните авиони гаѓаат подземна мрежа од тунели изградени и користени од милитантите на Хамас.
„Она што Хамас го направи откако ја презеде контролата пред речиси 20 години е да изгради мрежа од тунели од под градот Газа сè до Кан Јунис и Рафах“, рече тој.
Меѓународниот портпарол на ИД, потполковник Ричард Хехт, рече дека Израел во моментов „се подготвува за следните фази од војната“ и посочи дека сè уште не е донесена одлука за копнен напад.
Според него, Израел е во целосна готовност и неговите разузнавачки информации се фокусирани на идентификување на милитантите на Хамас кои извршиле злосторства и напади.
Хамас се подготвува за долга војна
Шефот на воената команда на Домашниот фронт, генерал-мајор Рафи Мило, вели дека бавната стапка на ракетни истрели во изминатиот ден укажува на тоа дека Хамас се подготвува за долга војна.
„Го идентификувавме однесувањето на Хамас, кој сфаќа дека влегува во долга војна“, вели Мило во разговор со новинарите.
„Хамас насочува оган на начин кој е наменет за неколкунеделни борби, и тие се намалија на брзина од околу 200-400 ракети дневно, за да си дозволат многу долга борба“, вели тој.
Мило вели дека Хамас цели на централен Израел еднаш или двапати дневно за да држи многу Израелци под закана од ракетен оган.