Демократската унија за интеграција соопшти дека со загриженост ги следи медиумските известувања за флагрантна злоупотреба на јавните набавки во општина Чаир, пренесе МКД.мк.
„Општина Чаир со компанијата Бауер БГ склучила 23 договори за јавни набавки во вредност од 4.113.165 евра, како и договор за плоштадот Скендербег во вредност од 11.091.674 евра, што е вкупно 15.204.843 евра. Ги повикуваме надлежните институции да ја испитаат евентуалната злоупотреба на буџетските средства и да постапат согласно законот“, се вели во соопштението на ДУИ.
Инаку, локалната власт во Чаир практично е под водство на Демократско движење, односно градоначалник е доскорешниот „огнен“ интегративец Висар Ганиу, а партиски лидер Изет Меџити, поранешен градоначалник, сега пратеник исто така од редовите на „огнените“ од ДУИ.