Ликвидирањето на терористичките групи на Хамас што ненадејно упаднаа на израелска територија, убиваа и грабаа цивили и војници, уништуваа оружје, возила, опрема и инфраструктура на безбедносните сили… не значи и крај на Војната во Израел, која ќе биде долга, исцрпувачка, сурово крвава и експлозивна за регионот и за целиот свет воопшто, пренесува Слободен Печат.

Војната се прелева во веројатно најголемата заложничка драма што ја памети светот – Израел нема да запре сѐ додека не ги извлече сите заложници од Газа, живи или нивните тела, и додека не ги уништи командата, базите, магацините и инфраструктурата на Хамас и не ги ликвидира сите терористи за кои смета дека учествувале при нападот. Слаби се шансите дека тоа ќе го прави преку преговори, без да испрати специјалци во Газа. Ако натежне воената опција, за таквата операција ќе бидат прежалени сите несакани цивилни жртви во Газа, специјалците што ќе загинат гонејќи ги терористите, па и Израелците што ќе бидат жртви на одмазнички ракетирања, бомби и пукотници.

Израел го претрпе најсилниот удар од своето основање, иако еврејската држава водела многу војни. Не загинале толку многу цивили и војници дури ни кога Израел го нападнаа сите арапски соседи заедно. Командантот на израелските воени сили им го опиша на Американците ненадејниот удар на Хамас како „терористичките напади на 11 септември и јапонскиот напад врз Перл Харбор – заедно“. Најместо армии, како при Јомкипурската војна точно половина век порано, во саботата удрија терористички одреди на Бригадите Из ад Дин ал Касам (военото крило на групата Хамас), пробивајќи ја оградата на Газа и првата одбранбена линија на Израел, како да не постојат. Повикот на Хамас до сите други противници на Израел да се вклучат во „решавачката“ војна остана без одговор, што стави крај на обидите да се воспостави контрола врз израелска територија. Израелските сили за три дена ги разбија групите што ја извршија инвазијата и објавија дека биле ликвидирани повеќе од 1.500 терористи.

Војната ќе биде долга, а целата анализа на „Слободен печат“ може да ја погледнете ТУКА.