Во текот на месец јули годинава, Артан Груби поради нередот и долгите чекања во тунелот Скопје – Блаце, кој долго време беше предмет на неопходна санација, вети дека за да се избегнат долгите чекања како поради пристигнувањето на иселениците и зголеменото движење од двете страни на границата со Косово, работите во тунелот ќе бидат стопирани до крајот на август и дека санацијата повторно ќе започне на 1 септември за да се врати во нормала на 1 октомври.
Сепак, се што кажа Груби е или манипулација или лага и тоа е веќе многупати докажано, па ретко кој му верува. Сега сме во средината на октомври и работата за жал не е завршена. Од двете страни на тунелот продолжуваат да се создаваат долги редици кои со право предизвикуваат иритација кај возачите. Има многу поплаки од граѓаните, особено оние кои секојдневно мораат да го користат овој пат.
Логично се поставува едно прашање, тие што не можат толку долго да поправат еден мал тунел, ќе спроведат капитални проекти?!
Демократското движење апелира до надлежните институции да ја забрзаат работата за завршување на одисејата на оваа долготрајна санација или нека посочат кога точно ќе заврши непотребното малтретирање на недолжните граѓани, на кои Груби досега без срамно им даваше „ветувања“ преполни со лаги.
Всушност, странично од овој пат кој води кон границата со Косово „никнаа“ неколку казина и неколку хотели – вили, кои се полни со „муштерии“. Овие казина и чудни хотели-вили, за жал, во голема мера го избледеа имиџот на индустриската зона Визбегово, основана главно од албански бизнисмени. Груби, најгласниот претставник на ДУИ, изненадувачки молчи за ова зло.