Во последните години во Македонија нема странски инвестиции, нема ниту политика за привлекување, но и покрај ваквата состојба сепак има тендери за уредување на слободните економски зони кои се празни! Ова е договор помеѓу Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони со фирмата ЗОБЕК МИНИМГ ГРУП ДООЕЛ СКОПЈЕ склучен на 25.08.2023 година со кои се уредуваат меѓусебните права и обврски на договорите страни во врска со набавка за нивелирање на парцели во ТИРЗ Штип.
Договорот е во вредност од 5.705.790 евра.Интересен е фактот што горе именуваната фирма во својата историја на електронскиот систем за јавни набавки има добиено САМО 4 тендери и СИТЕ четири тендери се од Дирекцијата за технолошко индустриски зони и сите овие тендери се добиени откако Јован Деспотовски е именуван за директор на ТИРЗ, oбвини Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.
Фирмата ЗОБЕК од Дирекцијата за технолошко индустриски зони има добиено два тендери во 2021 година, и по еден во 2022 и 2023 година во вкупна вредност од 989.793.742 денари односно 16 милиони евра.Па оттука, јавноста треба да добие одговори кои се критериумите кои само оваа фирма ги исполнува веќе 4 пати и ги добива тендерите од Дирекцијата? Дали станува збор за фаворизирање од една страна, а истиснување на сите други фирми од друга страна?Почитувани, со ваквите постапки од досегашното владеење на СДС и ДУИ можеме да констатираме дека несигурноста и недовербата во институциите, невладеењето на правото, големите коруптивни скандали и тендери се причина плус за лошите резултати во привлекувањето на странски директни инвестиции.Македонија од земја лидер за привлекување на странски директни инвестиции стана земја во која нема ниту план ниту стратегија на оваа тема, но затоа има тендери за нивелирање односно подготовка на празно земјиште.