„Многу се загрижи Бујар Османи за тоа што мислела јавноста, ако купеле авион за потреби на државата. Никој не е против тоа, но проблемот е што и постојните летала не се одржуваат и не летаат.“ – изреагира на фејсбук Драган Ковачки, пратеник во Собранието на Македонија и член на Извршниот совет на ВМРО ДПМНЕ, откако министерот за надворешни работи Бујар Османи изјави дека е „неопходно нашата Влада да набави авион, но тешко е, бидејќи јавноста ќе го смета тоа како луксуз.“

Во објавата на својот фејсбук-профил Ковачки натаму пишува: Османи, јавноста смета дека работите против македонските национални интереси и оти распродавате сè, што не е ваше, ама вие немате мака и сте запнале да го понижувате македонскиот народ. Јавноста смета дека треба да ве снема од политичката сцена, ама вам тоа не ви е важно.

Јавноста смета дека направивте пепел со договорите за изградба и за надзор на коридорот 8 и 10д, ама вие немате мака и крадете. Јавноста смета дека хирург треба да е во болница и да и помага на граѓаните, ама вам ви е интересно да си играте со геополитички состојби и да глумите експерт. Јавноста смета дека треба да одговарате за мртвите во болницата во Тетово, за мртвите во автобусите на Беса и Дурмо, ама вас тоа не ве засега.

Објавата на Ковачки предизвика низа остри реакции на фејсбук: Треба да се набави нов владин авион, но не да се возат предавници, бандити и криминалци со нивните полтрони! Во тој авион треба да се возат државници, кои ќе се борат за народот!

Ако беа способни, ќе купеа авион, но не ги бива. Се погодија такви неспособни од ДУИ и СДСМ, кои не знаат како да управуваат со државата. Ниту претседателот на државата, ниту премиерот ниту сите министри не заслужуваат да ги извршуваат функциите, кои ги имаат. Сите се кој од кого поголема катастрофа и ужас.

 

Помалку да крадеа сега ќе имаше Македонија своја ескадрила на авиони и свој македонски авиопревозник! Ако се врати со конфискација дел од украденото во изминатите 30 години, тогаш ќе биде најмал проблем да се стори тоа!