Украинскиот претседател Володимир Зеленски и се заблагодари на претседателката на ЕК Урсула Фон Дер Лајен „за нејзините силни зборови во вчерашниот говор: ’Императив е да го забрзаме патот на Украина кон победата. Пријатели, Украина ќе победи!‘“
Зеленски на Х напиша дека сега е време за единство и решителност.
– Не е време да се повлечеме, туку да се удвоиме во одбрана од теророт и агресијата на животот, слободата и меѓународниот поредок заснован на правила. Диктаторите и терористите можеби мислат дека можат да ги уништат слободните нации или да ја надминат нашата решеност да се браниме. Во реалноста, тие лошо пресметуваат. Ќе стоиме силни и исправени онолку колку што е потребно за да победиме, напиша тој.
Зеленски претходно му се заблагодари и на американскиот претседател Џо Бајден за неговото „моќно обраќање“.
– Заедно, нема да дозволиме омразата да ја уништи слободата и нема да дозволиме терористите да ја уништат демократијата. Украина е благодарна за сета американска поддршка и нејзиното непоколебливо верување дека хуманизмот, слободата, независноста и меѓународниот поредок заснован на правила секогаш мора да триумфираат, нагласи украинскиот претседател.
Тој додаде дека „заедничка цел е да го заштитиме слободниот начин на живот за сите наши народи“.
– Светот, особено нациите кои се соочуваат со агресија и тероризам, гледаат на Америка да предводи во зачувувањето на нашата заедничка слобода. Непоколебливата двопартиска поддршка за Украина во САД е неверојатно охрабрувачка за сите наши војници и за целата наша нација. Инвестицијата на Америка во одбраната на Украина ќе обезбеди долгорочна безбедност за цела Европа и светот, напиша на Х Зеленски.