Најголемото дерби на грчкиот фудбал меѓу Олимпијакос и Панатинаикос беше прекинато во 53. минута откако играчите на гостинската екипа демонстративно го напуштија теренот.
Панатинаикос поведе во првото полувреме на стадионот „Караискаки“, а кога домаќините израмнија на почетокот на вториот дел, дојде до големо славје.
Во таа прослава се повреди фудбалерот на Панатинаикос, Хуанчар, па мораше на носилки да биде изнесен од теренот.